Top Sport

Маверикс и Реал се договорија за „откупот“ на Дончиќ

Далас маверикс и Реал Мадрид се договориле за „откупот“ на Лука Дончиќ, што значи дека сега, НБА тимот е слободен да преговара со Словенецот, објавија повеќе американски медиуми.

Дончиќ сега треба да добие и согласност од ФИБА, да го помине медицинскиот тест, по што ќе може да го потпише првиот НБА-договор во кариерата, објави тренерот на Маверикс, Рик Карлајл оваа недела.

Дончиќ беше избран како трет пик на драфтот во јуни од Атланта хоукс, кои потоа го „трејдуваа“ на Маверикс за Треј Јанг и иден пик од првата рунда на драфтот.

Сопственикот на Мавс, Марк Кјубан во петокот изјави дека се надева дека Дончиќ ќе игра во летната лига на Далас, иако не се очекува тој да добие многу минути. Далас се загрижени да не тргнат „преостро“ кон 19-годишниот кошаркар, кој ги предводеше Реал Мадрид до шпанската титула и до Евролигата во напорните неколку месеци. Последните две сезони тој има 150 натпревари!

Фото: ЕПА

Scroll to Top