Сакраменто Кингс и Далас Маверикс реализираа трејд кој го носи Херисон Барнс во Сакраменто. Играчот во текот на мечот со Шарлот дознал дека треба да си оди од Далас.
За Барнс Далас ги доби ветеранот Зек Рендолф и Џастин Џексон. Барнс за трејдот дознал додека мечот со Шарлот бил во тек.
Rick Carlisle’s comments regarding the Harrison Barnes trade. pic.twitter.com/HMVP482Iyp
— Michael Mulford (@TheMulf) February 7, 2019
Ваквиот потег на челниците на Далас го критикуваа легендарниот Дирк Новицки и најдобриот играч во лигата Леброн Џејмс.
„За трејдот дозна додека седеше на клупата, мечот се уште траеше. Многу е разочаран. Бевме блиски. Имаше големо влијание во тимот и во заедницата. Многу ќе ни недостига“, рекол Новицки.
„Да погодам, ова сега е кул, бидејќи тие го направиле она што е најдобро за франшизата??? Го трејдуваа човекот додека тој се уште играше, не знаел што се случува. Не прашувам кој го направил трејдот, бидејчи го правел она што е најдобро за бизнисот, само би сакал ова да биде некаков пресврт. Кога играч сам ќе побара трејд тогаш тој е себичен или незадоволен, а кога клубот ќе реши да го направи тоа тогаш тука нема никаков проблем“, напишал Леброн Џејмс, алудирајќи на критиките на кои што беше изложен Ентони Дејвис кога јавно побара од Њу Орлеанс Пеликанс да биде трејдуван во некоја друга екипа.
LeBron on the Harrison Barnes trade: pic.twitter.com/nqp3fSAeYI
— SB Nation (@SBNation) February 7, 2019