Top Sport

Меџик нема дилеми: Јокиќ е кандидат за МВП, Адетокумбо не е!

Легендарниот кошаркар на Лејкерси, Меџик Џонсон ги означи играчите кои смета дека се во трка за најкорисен кошаркар во НБА лигата. Џонсон кој е еден од најдобрите во историјата на овој спорт смета дека српскиот центар, Никола Јокиќ е меѓу кандидатите за оваа награда сезонава.

Србинот брилјираше од самиот старт, речиси со статистички трипл-дабл во просек и воодушевува со настапите. Токму затоа Меџик го смести на својата топ 5 листа, заедно со Леброн Џејмс, Џоел Ембид, Кевин Дурент и Џејлен Браун.

Интересно, Џонсон во оваа листа не го смести двојниот МВП, Гркот Јанис Адетокумбо.

Инаку, Никола Јокиќ моментно има просек од 25,1 поени, 11,4 скока и 10 асистенции за Денвер Нагетс.

Scroll to Top