Top Sport

Мекалум со 50 поени го декласира Чикаго (Видео)

Бекот на Портланд Трејлблејзерс, Си-Џеј Мекалум, ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Мекалум постигна 50 поени, од кои 28 во првата четвртина на натпреварот со Чикаго Булс.

Бекот на Портланд само го доби Чикаго во првата четвртина, во која тој сам постигна 28, а целиот тим на Булс 19 поени. Натпреварот го заврши со 50 поени за само 29 минути игра. Тој постави нов рекорд на франшизата според бројот на постигнати поени по три одиграни четвртини.

Инаку Портланд го победи Чикаго 124.108, а покрај Мекалум двоцифрени беа уште Демијан Лилард (13 поени) и Јусуф Нуркиќ (12 поени, 9 скока).

Кај Чикаго се истакна Зек Лавин со 23 поени.

Портланд ја забележа седмата победа на последните осум натпревари, додека Чикаго не знае за победа на последните четири натпревари.

Леброн Џејмс му донесе победа на Кливленд над Мајами 91:89. Џејмс постигна 24 поени, но клуч за победата беше неговата добра одбрана во последниот напад на Мајами, кога не му дозволи на Џејмс Џонсон да упати удар кон кошот.

Бостон убедливо го порази Њујорк 103:73 иако играше без двајца од стартната петорка, Кајри Ирвинг и Маркус Смарт.

Блескаше Тери Розиер кој забележа трипл дабл (17 поени, 11 скока, 10 асистенции) и стана само вториот играч од 1971 година наваму, кој во својот прв натпревар како стартер запишал трипл дабл.

Њујорк го предводеше Енес Кантер со 17 поени и исто толку скокови.

Феникс славеше над Далас 102:88 и ја прекина низата од пет порази, додека Далас не знае за победа веќе осум натпревари. Орландо славеше над ЛА Лејкерс 127:105, Филалдлефија е поразена од Бруклин 108:116, Индијана го совлада Мемфис 105:101, а Шарлот беше подобар од Атланта 123:110.

Scroll to Top