Американецот со македонски пасош Лестер Бо Мекејлеб повторно ќе игра во шпанската АЦБ лига, откако договори соработка со Сарагоса.
Мекејлеб речиси половина година беше без клуб, откако на крајот од минатата сезона му заврши договорот со Гран Канарија.
Новиот клуб на Мекејлеб по 11 натпревари во АЦБ лигата има забележано четири победи.
Мекејлеб во кариерата меѓудругото играше за Партизан, Сиена, Фенербахче. Со македонската репрезентација во 2011 година го освои четвртото место на Евробаскетот во Литванија.