Top Sport

Мелоун и Баденхолзер ќе ги предводат „Ол Стар“ тимовите

НБА лигата ги соопшти имињата на тренерите што ќе ги предводат тимовите на „Ол Стар“ натпреварот во Шарлот.

Тимот на Леброн Џејмс од клупата ќе го преводи тренерот на Денвер Нагетс Мајк Мелоун, додека тренерот на Милвоки Бакс, Мајк Баденхолзер, ќе седи на клупата на екипата на Јанис Адетокумбо.

Претходно НБА лигата ги објави имињата на стартните петорки и резервите. Специјални покани добија легендите Дирк Новицки и Двејн Вејд. Овие двајца ќе се пензионираат на крајот од сезоната.

„Ол Стар“ натпреварот ќе се одигра на 17 февруари во Шарлот.

Scroll to Top