Top Sport

Мемфис му врачи отказ на Физдејл

Хариматичниот Дејвид Физдејл е вториот тренер кој доби отказ во НБА лигата од почетокот на сезоната.

Чениците на Мемфис Гризлис се решија да му врачат отказ на тренерот по лошиот старт на тимот во новата сезона. Мемфис има скор 7-12, а во моментов се наоѓа во серија од осум порази.

Одлуката Физдејл да биде сменет челниицте ја донеле веднаш по поразот од Бруклин Нетс (88:98), кога незадоволството јавно го искажа Марк Гасол.

Мемфис во наредниот период ќе го води Џеј Би Бикерстаф, кој му беше прв помошник на Физдејл.

Пред Физдејл отказ доби Ерл Вотсон во Феникс Санс, кој на клупата на оваа екипа седеше само на првите три натпревари.

Scroll to Top