Кошаркарите на Ефес и Монако – Василије Мициќ и Мајк Џејмс се најкорисните во 15-тото коло од Евролигата.
Србинот во победата на Ефес против Басконија учествуваше со 24 поени, 4 скока и 4 асистенции, како и 2 украдени топки.
Џејмс, пак, во победата на Монако нагости кај Жалгирис забележа дабл-дабл со 20 поени и 14 асистенции, како и 5 скока.
Двајцата играчи имаа корисност индекс – 31.
Најмногу скокови ова коло имаше Огњен Кузмиќ од Црвена Звезда (14), додека најдобар просек кај скокачите досега има Јоргос Папајанис (Панатинаикос), по 8,1 на меч.
Најдобар асистент во досегашниот дел од сезоната е Ник Калатес (Барселона) со по 5,7 точни додавања на меч.
Во 15-тото коло дури четворица играчи имаа по 3 украдени топки, но просекот го држи Џон Браун (Иникс) со по 2,5 по меч.