Реџи Милер легендата на Индијана Пејсерс се огласил по повод прикажувањето на документарниот филм „Последниот танц“ за Мајкл Џордан и неговата последна сезона со шампионскиот тим на Чикаго Булс.
Во разговор со телевизискиот водител Ден Патрик Милер само го потврдил она што на сите во НБА лигата им е познато, дека нема високо мислење за Ем-Џеј.
Патрик го прашал Милер што би направил кога повторно би го сретнал Џордан. По 15 секунди размислување Милер рекол: Веројатно би го удрил“.
„Меѓу нас има многу нерасчистени работи“.
Во ерата на Џордан, Булс развија големо ривалство со три екипи од Источната конференција: Детроит Пистонс, Њујорк Никс и Индијана Пејсерс.