Top Sport

Милутинов се враќа во Олимпијакос

Српскиот репрезентативец Никола Милутинов се врати во Олимпијакос, објави Јурохуп. Како што пренесува порталот, двете страни ги разработуваат последните детали, по што центарот по три години минати во Русија ќе се врати во Пиреја.

За да го обезбеди потписот на Милутинов, Олимпијакос ја зголеми првичната понуда. Ова се случи откако Монако, му понуди на Милутинов годишна плата од 2.500.000 евра. Првичната понуда на Олимпијакос изнесуваше 1.400.000.

Јурохуп, пишува дека двте страни „се нашле некаде на средината“.

Милутинов првпат пристигна во Олимпијакос во 2015 година и остана до 2020 година. Тие пет години се најдобри во неговата кариера.

Периодот во ЦСКА во голема мера го одбележа исфрлањето на руските тимови од Евролигата, како и неговите проблеми со повредите.

Scroll to Top