Екипата на Минесота успеа да слави дома против ослабените Вориорс, 121:110, и со вкупен резултат од 4:1 во серијата се пласираше во финалето на Западната конференција.
Рендл ја предводеше Минесота со 29 поени, осум скока и пет асистенции, Едвардс додаде 22 поени и 12 асистенции со седум скока, а Гобер имаше 17 поени и осум скока, со 8/9 од поле. Конли со 16, МекДениелс со 14 и Дивинченцо со 13 поени исто така беа со двоцифрен број на поени.
Кај Вориорс, Подзиемски беше доминантен со 28 поени, Куминга додаде 26, а Батлер 17 со по шест скока и асистенции. Бади Хилд, кој неодамна имаше одличен настап, застана на осум поени и четири скока, овој пат Минесота го искористи максимално отсуството на повредениот Стеф Кари.
„Вулвс“ ќе се сретнат со подобриот од Оклахома Сити Тандер и Денвер Нагетс.