Искусниот кошаркарски плејмејкер, Тајрис Рајс (33) потпиша договор со атински АЕК, потврди на Твитер доброупатениот новинар, Лука Д`Алесандро.
Tyrece Rice sign with AEK Bc Athens
— Luca D'Alessandro (@LucaDa18) August 17, 2020
Интересно е што Рајс потпиша договор за месец ипол, ќе игра за АЕК во завршницата на ФИБА Лигата на шампиони.
Рајс минатата сезона ја помина во дресот на Панатинаикос, а во кариерата стекна значајно евролигашко искуство играјќи за Баерн, Макаби, Химки и Барселона.
Рајс, кој поседува и црногорски пасош, со израелскиот тим ги освои сите натпреварувања.
Тој во 2014-та година освои две големи индивидуални награди, беше прогласен за МВП на Ф4 во Евролигата, а беше и најдобар стрелец во финалето.