Кошаркарот на Барселона, Никола Миротиќ е МВП на Евролигата за месец октомври. Црногорецот со шпански пасош, ја предводеше Барселона до шест победи во исто толку натпревари.
Миротиќ, на тие шест натпревари, забележал просечен индекс на успешност 24. Просечно по натпревар Миротиќ бележел 16,3 поени, 5,3 скока, 1,3 асистенции и 1,6 украдени топки.
Крилниот кошаракар, шест пат во кариерата ја добива наградата за играч на месецот, ниту еден друг играч не добил повеќе од три вакви признанија.
Барселона по седум кола, заедно со Армани, ја предводи Евролигата, со шест победи и еден пораз.