Top Sport

Миротиќ има најголема плата во Евролигата, го следат Ларкин и Милутинов

Специјализираниот кошаркарски портал Јурохопс откри кој се најплатените кошаркари во Европа. Јурохопс успеале да дојдат до овие податоци иако европските клубови не се транспарентни кога станува збор за платите на кошаркарите.

Редакцијата на порталот наведува дека во годишните плати на кошаркарите можно е да има минимални грешки поради различното даночни стапки во европските земји.

Најголема плата во Европа има крилниот кошаркар на Барселона Никола Миротиќ. Поранешниот шпански репрезентативец годишно заработува 5.400.000 евра. Зад него е Шејн Ларкин од Ефес (3.700.000), па следуваат тројца играчи кои имаат годишна плата од 2.500.000 евра, тоа се: Никола Милутинов (ЦСКА), Мајк Џејмс (ЦСКА) и Алексеј Швед (2.400.000).

Уште шестмина кошаркари имаат годишна плата повисока од 2.000.000 евра: Нандо Де Коло (Фенербахче, 2.400.000), Јан Весели (Фенербахче, 2.200.000), Серхио Љуљ (Реал Мадрид, 2.000.000), Ватлер Таварез (Реал Мадрид, 2.000.000), Кори Хигинс (Барселона, 2.000.000) и Алекс Абринес (Барселона, 2.000.000).

Костас Слукас (Олимпијакос), Ник Калатес (Барселона), Серхио Родригез (Милано), Малком Дилејни (Милано) и Вил Клајбурн (ЦСКА) годишно од своите клубови добиваат по 1.800.000 евра.

Scroll to Top