Никола Миротиќ и оваа година ќе ја заработи најголемата плата во Евролигата. Црногорецот со шпански пасош, во Барселона на годишно ниво, заработува 5.000.000 евра.
Платата на Миротиќ е милион евра помала од она што го заработуваат најдобрите играчи на европскиот првак, Анадолу Ефес, Шејн Ларкин и Василије Мициќ. Годишната плата на Ларкин изнесува 3.200.000 евра, Мициќ од клубот добива 100.000 евра помалку.
На четвртото место е Јан Весели од Фенербахче со плата од 2.600.000 евра.
На оваа листа тројца играчи има ЦСКА Москва. Токо Шенгелија е на петтото место (2.500.000), а шести и седми се Никола Милутинов (2.300.000) и Алексеј Швед (2.200.000).
Осми е Мајк Џејмс од Монако (2.200.000), а во Топ 10 се центрите на Реал Мадрид и Милано, Валтер Таварез (2.100.000) и Николо Мели (2.000.000).