Филалделфија го врати брејкот и води во серијата против Мајами 2:1, додека Голден Стејт и Њу Орлеанс и во третите натпревари забележаа победи над Сан Антонио, односно Њу Орлеанс. Во трите натпревари блескаа играчите родени на просторите на поранешна Југославија: Дарио Шариќ (Филаделфија), Горан Драгиќ (Мајами) и Никола Миротиќ (Њу Орлеанс).
Филалделфија славеше во Мајами 128:108, благодарение на повратникот во тимот Џоел Ембид и Дарио Шариќ со чии поени во средишницата на последната четвртина Филалделфија го „прекрши“ натпреварот.
Ембид, го одигра првиот натпревр по 28 март, а во третиот меч од серијата со Мајами, го предводеше тимот со 23 поени и седум скока. Хрватскиот репрезентативец Шариќ забележа 21 поен, седум скока и четири асистенции. Ист број на поени како Шариќ постигна и искусниот Италијанец Марко Белинели.
Најдобриот играч на Европското првенство, Словенецот Горан Драгиќ, беше најефикасен кај Мајами со 23 поени.
НБА шампионот Голден Стејт Вориорс во серијата против Сан Антонио води со 3:0. Третиот меч во тексас им припадна на Вориорс со 110:97.
Кевин Дурент ги предводеше Вориорс со 26 поени, Шон Ливингстон постигна 16, а Квин Кук 12 коша.
Кај Сан Антонио се истакна Ламаркус Олдриџ со 18 поени, два помалку постигна францускиот ветеран Тони Паркер.
На чекор до конференциското полу-финале се и Њу Орлеанс Пеликанс, откако во третиот натпревар ги совладаа Портланд Трејлблејзерс 119:102.
По двата брејка во Портланд, Пеликаните беа убедливи во првиот меч од серијата со Трејлблезерс на домашен терен.
Блескаше Црногорецот со шпански пасош Никола Миротиќ кој постигна 30 поени, два повеќе од првата ѕвезда на Пеликанс Ентони Дејвис.
Кај Портланд се истакнаа Си Џеј Мекалум со 22 и Демијан Лилард со 20 поени.