Ѕвездата на Барселона, Никола Миротиќ ги нападна Реал Мадрид за скандалозниот финиш на вториот меч со Партизан во Евролигата, велејќи дека сега се обидуваат да ги „измијат рацете“ од скандалозното однесување.
Дуелот беше прекинат при резултат 95:80 за Партизан по неспортскиот фаул на Серехио Љуљ, по што настана општа тепачка во која најмногу настрада кошаркарот на српскиот тим, Данте Ексум. Евролигата подели суспензии, вклучувајќи и на Кевин Пантер и Матијас Лесор, нешто што Миротиќ претходно го нарече скандалозно. Сега, тој удри по својот поранешен клуб.
„Не сакам да ја коментирам катастрофата која ја направија другите. Сега размислуваат како да си ги измијат рацете и лицето од то што се случи. Кошарката не заслужува вакви моменти, посебно на нова ниво. Еден ден по инцидентот, сфатија што направија“, вели Миротиќ за каталонското радио „РАЦ1“.