Top Sport

Миротиќ збесна, среде натпревар го искина дресот

Најдобриот тим во Евролигата, Барселона, доживеа шокантен пораз на домашен терен од Асвел 69:76. Францускиот тим, чии сопственик е славниот Тони Паркер, во моментот ја има најдобрата форма во Евролигата, во Барселона ја запишаа шестата победа по ред.

Дуелот во „палау Блауграна“, го обележа потегот на Никола Миротиќ, во финишот на првото полувреме. Незадоволен од одлуката на судијата, кој му додели лична во напад, Миротиќ на теренот го искина својот дрес.

„Ова го прави Хулк“, рекле коментаторите на натпреварот.

Миротиќ за овој свој потег доби техничка, а на крајот натпреварот го заврши со 19 поени.

 

Scroll to Top