Рускиот репрезентативец Тимофеј Мозгов ја напушти НБА лигата и се врати во татковината. Мозгов договорил едно годишна соработка со Химки.
Мозгов ќе биде големо засилување за екипата која ќе настапува во Евролигата. Инаку ова ќе биде негов трет мандат во Химки, претходно настапуваше за овој тим од 2006 до 2010 година и за време на „лок-аутот“ во НБА-лигата, во 2011 година.
Мозгов има 33 години, во НБА играл за Њујорк Никс, Денвер Нагетс, Кливленд Кавалирс, Лос Анџелес Лејкерс и Бруклин Нетс.
На одиграните 454 натпреври во НБА тој забележал во просек по 6,8 поени и 4,9 скока.
Високиот центар е осмото засилување за Химки од почетокот на преодниот рок. Договори со рускиот тим потпишале Евгениј Валиев, Сергеј Карашев, Андреј Десјатников, Даирис Бертранс, Девин Букер, Стефан Јовиќ и Џереми Еванс.