Top Sport

Мундијал кошарка 2019: Расте квотата за САД, паѓа за Србија!

Светските обложувалници ги објавија квотите за Мундобаскетот во Кина кој започнува на крајот на идниот месец.
Минатото лето квотата за тоа дека САД ќе биде светски шампион беше 1.1, а квотата за Србија изнесуваше 23.

Сепак откако се растури американскиот дрим-тим, многумина од кошаркарските ѕвезди го откажаа својот настап, квотите почнаа да се менуваат. И кај Србите настана промена, пред се откако Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер реши да настапи за својата селекција. Квотата кај Србија од 23, падна на 15, а кај САД се качи на 1.2.

Најсвежата промена на списокот со квотите, вчера донесе нови поместувања. Сега квотата дека САД ќе го освојат Мундијалот порасна на 1.4, додека квотата на Србија се намали на 4.5.

На третата позиција, со шанса да станат светски прваци се кошаркарите на Шпанија за кои обложувалниците нудат квота 11, четврта е Грција со 21, а на петтата позиција се наоѓа Франција со квота 34.

Во првата десетка, рангирано според висината на шансите да го зграбат трофејот се Канада (квота 51), Литванија (51), Австралија (51), Аргентина (81) и Русија (101).

Scroll to Top