Кошаркарската селекција на Сенегал, која штрајкуваше поради неисплатени плати и премии и која до последен момент не се знаеше дали воопшто ќе допатува на Светското првенство во Кина, попладнево не беше достоен противник за селекцијата на Литванија. Европјаните славеа со +54 поени разлика, 101-47.
Во текот на целиот меч Литванците ги газеа противниците, сите четири четвртини ги добија доминантно, па високиот триумф беше неминовен.
Најефикасни кај Литванците беа Валанчиунас, Калнеитис и Сабонис, сите тројца по 13 поени. Поен помалку постигна Григонис, а до 11 броеше Кузминскас.
Во истата група, денеска Австралија со +16 ја победи Канада.