Светското првенство во кошарка во 2019 година ќе се одржи во Кина, а четири години подоцна турнирот повторно ќе се игра во Азија.
Светската кошаркарска федерација (ФИБА), во саботата, ја донесе конечната одлука околу организацијата на Мундобаскетот во 2023 година.
Во конкуренција беа две заеднички кандидатури, првата на Уругвај и Аргентина и втората на Индонезија, Јапонија и Филипините.
ФИБА реши да ја прифати заедничката кандидатура на државите од Азија. Финалето ќе се игра на Филипините во „Филипини Арена“ чии капацитет изнесува 55.000 седишта.
Јапонија и Филипините од претходно имаат искуство со органзирњето на кошаркарските Мундијали. Манила, филипинската престолнина беше домаќин на СП во 1978 годоина, додека Мундобаскетот во 2006 година се играше во Јапонија.
Congratulations ??????! #FIBAWC 2023 pic.twitter.com/0LCFjWiwQG
— FIBA ? World Cup (@FIBAWC) December 9, 2017