По продолжувањето на договорот со тренерот Кочов, МЗТ Скопје потврди дека го враќа во својот матичен клуб, Љубомир Младеновски од словенечкиот тим Илирија.
23-годишниот висок центар се враќа кај „металците“, каде што претходно мина четири години и освои толку титули во Македонија.
Младеновски минатото лето изрази желба да замине во странство, по што мина една сезона во дресот на словенечка Илирија, каде што играше повеќе од солидно со просек од 9,3 поени и 6,5 скокови. Новото засилување на аеродромци во моментов финишира со опоравувањето од потешката повреда на раката, поради која ја пропушти завршницата од сезоната на Илирија, а тоа е и причината што не е дел од репрезентација на Македонија во јунскиот циклус од претквалификациите.
Фото: МЗТ Скопје