Top Sport

МЗТ со голема победа над Цибона! (видео)

Одличната победа на Македонија над Словенија во првиот меч во ЕП во ракомет во Загреб, како да ги мотивираше кошаркарите на МЗТ Скопје да стигнат до импресивна победа исто така во хрватската престолнина од 92:77 над тимот на Цибона.

МЗТ во мечот влезе со низа од 11 порази едноподруго во АБА лигата, но на крајот стигнаа до одлична победа со која остануваат во игра за опстанок во регионалното натпреварување.

Цибона водеше со 19:15 по првата четвртина, но тогаш на сцена стапи македонскиот шампион, преземајќи ја контролата на мечот за 41:38 водство на полувреме. Во третата четвртина се направи големиот пресврт со 30:18 во корист на македонскиот тим за да се обезбеди третата победа оваа сезона.

Стојановски и Мавра имаа по 18 поени за МЗТ, додека за Цибона најефикасен беше Лука Жориќ со 20 поени.

Scroll to Top