Top Sport

МЗТ пресилен за Струмица

Актуелниот шампион на Македонија во кошарка, МЗТ Скопје, победи во Струмица во рамките на третото коло во домашниот шампионат. МЗТ славеше 95:77 (31:16, 30:19, 15:18, 19:24).

Едно полувреме им беше доволно на копаркарите на МЗТ за да ја обезбедат победата во Струмица. Екипата од Аеродорм првиот дел го доби со 61:35. Тренерот Александар Тодоров го искористи дуелот рамномерно да ја расподели минутажата.

Маслинко и Мекиќ со по 16 поенибеа најефикасни во редовите на шампионот додека кај Струмица Тајлер постигна 17, а Бишоп 12 поени.

МЗТ има скор две победи и еден пораз и на табелата е зад четирите тима кои се уште немаат пораз (Блокотехна, Гостивар, Работнички, Карпош Соколи), додека Струмица исто како Шкупи и Кожув нема победа.

Scroll to Top