Top Sport

МЗТ убедливо загуби и од Цедевита (Видео)

Кошаркарите на МЗТ го запишаа 18.пораз во регионалната АБА лига. Вечерва македонскиот шампион е поразен од Цедевита 64:85 (13:15, 18:26, 16:17, 28:16).

Со поразот од Цедевита МЗТги заврши натпреварите во АБА лигата на домашен терен, а сезоната која во клубот ќе сакаат што поскоро да ја заборават ќе ја затворат наредната недела во Бар.

МЗТ оствари само три победи сезонава и е закован за дното на табелата, од друга страна Цедвите со 16.победа се израмни на табелата со Будуќност.

МЗТ се обиде но само на моменти успеа да му парира на противникот кој впечатокот е дека одигра онолку колку што му беше потребно за да забележи победа.

Спасојевиќ со 13 поени, а двоцифрени беа уште и Лалиќ кој постигна 12 поени на кои придодаде и 9 скока, односно Соколов со 11 и Стојановски со 10 поени. Вил Чери со 20 поени ја предводеше Цедевита.

фото/aba liga

Scroll to Top