НБА натпреварот меѓу Денвер Нагетс и Детроит Пистонс е одложен на неодредено, а челниците на НБА лигата тоа го соопштија на само 10 минути пред почетокот на мечот. Причина за ваквиот епилог е следењето на заразени со Ковид 19 во Пистонси поради што тие немаат доволно играчи за настап.
Информациите од САД се дека некој од членовите на експедицијата од Детроит добил „недоволно точен резултат“ на корона-тестирањето пред овој меч, што по новите Ковид-правила во НБА е доволно сите што биле во контакт со него од неговиот тим да немаат можност за настап додека не помине самоизолацијата.
The following has been announced by the NBA pic.twitter.com/Rk8DTA56S7
— NBA (@NBA) February 2, 2021
Не е познато кој е инфицираниот, но остатокот од играчкиот кадар на Пистонси бил помал од 8 што е минумум да се одржи еден меч.
Американските новинари во салата на Нагетси осстанале прилично збунети кога по загревањето никој од играчите не се појавил на паркетот.
Брзиот корона-тест покажал дека сите во Денвер се здрави, па од соблекувална си отишле дома.
Ова одлагање и не им падна така лошо на Нагетси кои имаа 7 меча за 11 дена.
Овој дуел е 23-тиот одложен меч во НБА лигата од почетокот на сезоната.