На аукција ќе биде ставен дресот на Мајкл Џордан од Олимписките игри во Барселона во 1992 година. Џордан го предводеше оригиналниот „Дрим Тим“ до златниот медал.
Аукциската куќа „Роберт Едвард“ не наведува на кој натпревар го носел Џордан дресот што ќе биде ставен на наддавање.
Во описот се наведува дека на патот до златниот медал Американците четири натпревари одиграле во бели дресови, против Аргентина, Литванија, Канада и во финалето против Хрватска (117:85).
„Роберт Едвард“ ја одредија почетната цена и таа изнесува 25.000 евра. Аукцијата ќе трае до 18 април.