Откако МЗТ Скопје загуби и во вториот финален меч против Работнички, клубот од Аеродром реши остро да го нападне судијата Игор Митровски, кој сметаат дека ги оштетил во последните секунди од мечот.
Според „металците“, со казната на Стефан Синовец на 1.2 секунди пред крајот на мечот, Митровски ги „прекршил“ правилата на ФИБА, кои велат дека судиите не треба директно да го решаваат победникот на мечот.
МЗТ исто така го опишува судијата како „мал човек со голем комплекс“, како и најнапаѓаниот судија во историјата на македонската кошарка, посочувајќи дека тој сега е „персона нон грата“ во Аеродром.
Целото соопштение на МЗТ можете да го прочитате на линкот.