Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер Нагетс, МВП наградата за најдобар играч во регуларниот дел од сезоната, на клупски состанок дознал дека ја добил престижната награда.
Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, му соопштил на Јокиќ дека е МВП, додека бил на клупскиот состанок со соиграчите и члeновите на стручниот штаб.
Nikola Jokic thanks his team after becoming the first #KiaMVP in @nuggets history ? pic.twitter.com/jTzXoOlB0n
— NBA on TNT (@NBAonTNT) June 8, 2021
„Ова е голема чест. Ова е и ваша награда момци“, им порачал Јокиќ на соиграчите.
Инаку, Јокиќ е прв центар по пауза од 21 година кој е прогласен за МВП. Во 200 година, наградата му припадна на Шекил О’Нил.
Шекил, заедно со Кени Смит, Чарлс Баркли и Ерни Џонсон, во емисиja на телевизијата „ТНТ“, му паставил неколку прашања на српскиот центар.
40 играчи се избрани пред тебе на драфтот во 2014 година. Седум години подоцна ти си МВП. Како би го објаснил тоа?
„Луѓето веруваа во мене, благодарен сум им. Многу луѓе веруваа во мене, многу луѓе работеа со мене за да стигна тука. Јас само работев, имав и среќа. Кога се ќе се измеша, тоа е тоа“.
Дали кога како дете играше во Србија, си помислил дека некогаш ќе бидеш МВП во НБА лигата?
„Не мислев дека ќе играм во НБА лигата, а не пак дека ќе бидам МВП. Кога почнав да играм кошарка целта ми беше да играм во Евролигата. Целта ми беше да игра за некој од големите клубови во Србија. Кога ме избра Денвер на драфтот, добив шанса да бидам дел од НБА, шансата ја искористив“.
Кој тренер најмногу верувал во него?
„Искрено, кај секој тренер добивав шанса да играм како што знам. Можеби најмногу во мене веруваше тренерот за кондиција, Фелипе Ајхенбергер. Тој му говореше дека сум МВП. И пред две години и минатата одина…Тој беше првиот човек кој ми го стави тоа во „главата“.