Планираниот подарок на Леброн Џејмс на бројот 23 на својот нов колега од Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис нема да се случи следната сезона поради противењето на спонзорот, производителот на спортска опрема „Најк“, тврди „ЕСПН“.
Џејмс го носеше овој број додека играше со Кливленд кавалирс и минатата сезона со Лос Анџелес лејкерс, но тој е бројот со кој и Дејвис играше седум сезони со Њу Орлеанс пеликанс. Откако Лејкерси го договорија Дејвис минатиот месеџ, Џејмс изјави дека ќе се врати на бројот 6, кој го носеше со САД на Олимпијадите и додека беше играч на Мајами хит, и ќе му го предаде бројот 23 на Дејвис.
Сепак, НБА им соопштиле дека крајниот рок за промена на броевите е завршен на 15 март, но дека би дозволиле промена доколку „Најк“ се согласи. Но, тие тврдат дека имаат огромен број на дресови со бројот 23 во складиштата и дека тоа би бил „неприфатлив финансиски товар“ за компанијата.
Дејвис, како да го потврди ова откако на Инстаграм изјави дека се враќа на „основите“ со бројот 3 од основно школо.