Top Sport

Најмногу напредуваше…Брендон Инграм

Крилниот кошаракар на Њу Орлеанс Пеликанс Брендон Инграм (22) најмногу напредувал оваа сезона во НБА лигата.

„Ова е награда за неброените часови кои Брендон ги мина во тренирање оваа сезона. Ова е награда за неговата посветеност што ја покажува секој ден, ментално и физички“, рекол Дејвид Грифин извршниот потпретседател на кошаракрските операции во Њу Орлеанс Пеликанс.

Инграм оваа сезона, во која Пеликанс не успеаја да се пласираа во плејофот, имал просек по натпревар од 23,8 поени, 6 скока и 4,2 асистенции.

 

Scroll to Top