Во Орландо, НБА клубовите започнаа со подготвителните натпревари пред најавениот ре-старт на сезоната. Денвер Нагетс славеа во дуелот со Вашингтон Визардс 89:82.
Тренерот на Денвер Мајк Мелоун за овој меч имаше само осум кошаркари, од кои само еден беше бек, останатите беа крила, крилни-центри и центри.
Поради тоа Мелоун мораше да експериментира со составот, на позицијата плејмејкер играше центарот Никола Јокиќ.
Талентираниот Бол Бол висок 218 сантиметри играше како ниско крило. Единствено Пол Милсап и Мејсон Пламли играа на своите природни позиции.
„Мислам дека ова вечерва беше највисоката стратна постава во историјата на НБА кошарката“, рекол Мелоун
Покрај Јокиќ 213 сантиметри, на бековската позиција играше Џереми Грент (203 сантиметри), Бол (ниско крило, 218 сантиметри), Пол Милсап (201 сантиметар, крилен-центар) и Пламли (центар, 211 сантиметри). Во просек оваа петорка е висока 209 сантиметри.
Денвер во тимот ги имаше и бекот Трој Дениелс, крилото Тајлер Кук и центарот Ноа Вонле.
Јокиќ како плејмејкер мечот го заврши со 16 поени, по седум скока и асистенции и осум загубени топки.
starting at point guard for your Denver Nuggets pic.twitter.com/uqL5BWqjrX
— Rob Perez (@WorldWideWob) July 22, 2020