Бостон Селтикс се единствениот тим во НБА лигата кој се уште нема пораз во плејофот. Селтикс во првото коло со 4-0 ги елиминираа Бруклин Нетс, а во првиот полу-финален меч славеа над Торонто Репторс.
Атмосферата во тимот на тренерот Бред Стивенс е одлична, секој слободен момент кошаркрите го користат за забава.
Енес Кантер и Џејлен Браун слободните часови ги искористиле за да го научат да плива највисокиот играч во лигата Тако Фал.
Со помош на Кантер и Браун 226 сантиметри високиот кошаркар два пати успеал да го препилива базенот. Фал добил огромна поддршка од останатите соиграчи.
.@EnesKanter and Jaylen Brown taught Tacko Fall how to swim ? pic.twitter.com/f9KKb7Od5w
— Bleacher Report (@BleacherReport) August 31, 2020