Top Sport

Навивачите на Цибона бесни: Па, зарем стануваме Партизан?

Навивачите на Цибона Загреб се бесни по последната одлука на управата на клубот да се откажат од својата традицонална сина боја и наместо тоа тренинг-опремата да ја набават во црно-бела комбинација, бои на поранешниот ривал од Белград, Партизан.

Покрај слабите финансии, поради кои не можат да се набават играчи кои би ја кренале Цибона на повисоко ниво, ова дојде како „шамар“ за навивачите, кои го искажаа својот бес преку социјалните мрежи.

„Уште една срамота на нашиот клуб, има ли крај“, вели навивачкиот сајт, „Ми смо Цибона“, додека „Повијест Цибоне“ е уште поостра: „Клубот е киднапиран, Цибона во боите на Партизан, дали некој ќе реагира. Вие не сте Цибона и ја немате нашата поддршка“.

Scroll to Top