Top Sport

Нaвредлива порака за новиот играч на Црвена звезда

Група на навивачи на Црвена звезда лошо го пречека новиот член на кошаркарската секција Словенецот Ален Омиќ.

На натпреварот против Олимпијакос кој Црвена звезда го доби 89:78, на дел од трибините кој е резервиран за навивачката група „Делии“ беше истакнат транспарент со навредлива порака: „Шиптар, Хрват, Балија, не се моја дружина“.

Кога новиот член прв пат влезе во игра од истата трибина скандираа „заминувај, заминувај“, додека останатиот дел од навивачите го поздрави неговото деби.

Дента кога потпиша договор со Црвена звезда Омиќ ја даде следната изјава.

„Народот во Србија го доживувам како близок. Јас во минатото имав идеа да аплицирам за српски пасош покрак овој кој веќе го имам. Јас сум Словенец, не сум некој кого верата многу го интересира, доколку тоа некого го интересира. Луѓето ги делам на добри и лоши, трето нема. Доколку некого тоа го интересира јас сум атеист, затоа мојата нада и вера нека биде Црвена звезда, за мене на првото место е кошарката.“

Инаку Омиќ успешно дебитираше за новиот тим, постигна 6 поени, четири од нив во клучните моменти на натпреварот, а имаше уште и 6 скока и една украдена топка.

фото/starsport

Scroll to Top