Top Sport

НБА: Бакси ја прекинаа низата на Торонто (видео)

Јанис Антетокумбо имаше 26 поени и 12 скокови, а Крис Мидлтон и Ерик Бледсо додадоа по 21 поен за Милвоки бакс да се вратат во акција со 122:119 победа во продолжението над лидерите на Истокот, Торонто репторс во „Ер Канада“ центарот.

Џејсон Тери имаше 14 поени, од кои пет во продолжението, а Џон Хенсон се врати со 12 поени и осум скока по повредата за Бакси да стигнат до шестата победа во последните осум мечеви. Демар Дерозан имаше 33 поени, а Ибака 18 поени, но Торонто не успеа да стигне до осма победа во низа.

Леброн Џејмс по 11-ти пат оваа сезона имаше трипл-дабл за Кливленд кавс да стигнат до лесна 112:89 победа над Мемфис гризлис. Џејмс имаше 18 поени, 14 скока и 11 асистенции да помогне Кавси да се вратат по поразот од Вашингтон во четвртокот, додека Мемфис имаат осум порази во низа

Никола Јокиќ ги предводеше Денвер нагетс со 28 поени, 11 скока и 11 асистенции, а Гери Херис постигна шест поени во последната минута за Денвер со 122:119 тесно да ги победи Сан Антонио спарс.

Ова е четврта победа во низа за Денвер и 10. во последните 13 натпревари.

Ајзаја Томас го имаше деби мечот пред домашна публика за новиот тим, постигнувајќи 17 поени за Лос Анџелес лејкерс со 124:102 да ги победат Далас за нивна деветта домашна победа во низа.

Лонзо Бол се врати по паузата од 15 натпревари поради повредата на скочниот зглоб, и додаде 9 поени од клупата за Лејкерс да победат првпат по девет меч. Бол исто така имаше 7 скока и шест асистенции во само 17 минути на паркетот.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Торонто – Милвоки 119:122 ОТ

Кливленд – Мемфис 112:89

Њу Орлеанс – Мајами 124:123 ОТ

Бостон – Детроит 110:98

Шарлот – Вашингтон 122:105

Индијана – Атланта 116:93

Денвер – Сан Антонио 122:119

Л.А.Клиперс – Феникс 128:117

Портланд – Јута 100:81

Л.А.Лејкерс – Далас 124:102

Scroll to Top