Неверојатниот пресврт на Бостон против Филаделфија и дебаклот на Кливленд во Торонто ги обележаа натпреварите кои изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата.
Лидерот на Истокот, Бостон и Филаделфија, својот натпревар го одиграа во англиската престолнина Лондон. Кошаркарите на Бостон победија 114:103, откако за 15 минути со серијата 52:27, негативата од 22 поени ја претворија во триумф со кој се зацврстија на лидерската позиција во својатаконференција.
Бостон го предводеа Џејлен Браун со 21 поен, односно Кајри Ирвинг со 20 поени, 6 скока и 7 асистенции. Кај Филалделфија најефикасен беше ветеранот Џеј Џеј редик со 22 поени и 7 скока.
Бостон е лидер на Истокот со скор 34 победи и 10 порази, додека Филалделфија е на деветтото место (19-20).
Кливленд, актуелниот вицепрвак, претрпе уште еден дебакл. откако пред два дена загубија од Минесота 127:99, Кавалирс беа прегазени и од Торонто 133:99.
Торонто одигра брилијантна втора четвртина (35:16) со која практично го реши прашањето на победникот. Репторс на полувремето имаа позитива од 25 поени (65:40).
Победата на Торонто е уште позначајна бидејќи до неа стигнаа без двајца играчи од стартната петорка, Кајл Лаури и центарот Серж Ибака кои беа суспендирани.
Фред Ванвлит постигна 22 поени (6/8 за три), а Паскал Сиакам 16 за Торонто, додека Леброн Џејмс кај Кливленд имаше учинок од 26 поени.
Торонто е втор на Истокот (29-11), а Кливленд е на третото место (26-15).
Дуелот на Сакраменто и ЛА Клиперс мина во знакот на српскиот дуел помеѓу Богдан Богдановиќ и Милош Теодосиќ. Клиперси победија 121:115, Теодосиќ воодушеви со неколку сјајни асистенции, а Богдановиќ на спортивната страна забележа личен рекорд од 22 поени.
Теодосиќ натпреварот го заврши со 10 поени и 9 асистенции.