Top Sport

НБА: Бостон се врати од -26, нов пораз на Хјустон (Видео)

Кошаркарите на Бостон со спектакуларен пресврт го совладаа Хјустон 99:98 во дерби натпреварот кој изминатата ноќ се одигра во НБА лигата. Во „ТД гарден“ последните поени ги постигна Ал Хорфорд на три секунди до крајот на натпреварот.

По лошото прво полувреме, во кое Селтикс постигнаа само 38 поени и минусот од 26 поени (38:64) на посчетокот од третата четвртина, Кајри Ирвнг успеа да ги раздвижи соиграчите и во последната четвртина да влезат со едноцифрен минус (69:78).

Бостон трпеливо ја топеше негативата, а на поен минус се доближи на влезот во последната минута (91:92).

Драмата се случи во последните десет секунди, Тејтум со забивање намали на 97:98, потоа Харден поентираше но судиите му судеа фаул во напад, а на три секунди до крајот Хорфорд поентираше преку Блек за триумф на Бостон.

Најдобар кај Бостон беше Ирвинг со 26 поени и по четири скока и асистенции. На другата страна Харден уфрли 34 поени, а имаше и 10 асистенции и шест скока.

Бостон со скор 29 победи и 10 порази се наоѓа на првото место во Источната конференција, додека Хјустон го забележа четвртиот пораз во низа и со скор 25 победи и осум порази е на второто место во Западната конференција.

Голем пресврт направија и кошаркарите на Портланд против Филадлефија. Портланд имаше негатива од 18 поени (60:78), но во последниот квартал Трејлблејзерс со серијата од 19:0 го презедоа водството (93:88). Од шокот Филалделфија не успеа да се опорави и го загуби мечот со 114:110.

Си-Џеј Мекалум го предводеше Портланд со 34 поени, а Јусуф Нуркиќ оставри 21 поен и 12 скока. Кај Филалделфија се истакнаа Џоел Ембид (29 поени, 9 скока) и Дарио шариќ (25 поени, 9 скока).

Голем пресврт за победа направија и кошаркарите на Милвоки во дуелот со Минесота. Минесота во средиѓницата од третата четвртина имаше предност од 20 поени, но победата ја однесе Милвоки (102:96).

Серијата 12:0 во финишот на третиот период беше клучна за триумфот на Милвоки.

Ерик Бледсо постигна 26 поени, имаше и 6 асистенции и 5 украдени топки, а Јанис Адетокумбо заврши со 22 поени и 10 скока, додека Минесота ја предводеа Карл-Ентони Таунс со 22, Ендрју Вигинс со 21 и Џими Батлер со 20 поени.

Scroll to Top