Top Sport

НБА: Доминантни партии на Адетокумбо, Нуркиќ и Ибака (Видео)

Изминатата ноќ во НБА лигата, индивидуално ја обележаа Јанис Адетокумбо, Серж Ибака и Јусуф Нуркиќ.

Милвоки Бакс ги декласираа Сакраменто Кингс 144:109. Бакс во првото полувреме постигнаа 70 поени, а уште во втората четвртина создадоа разлика поголема од 20 поени.

Најдобриот играч на Бакс, Јанис Адетокумбо, ги декласираше Кингс со трипл-дабл. Гркот за 30 минути на теренот забележа 26 поени, 15 скока и 11 асистенции.

Торонто Репторс и без најдобриот играч Каваи Ленард славеа над ЛА Лејкерс 121:107. Поранешниот шпански репрезентативец, ианаку со потекло од Конго, Серж Ибака го одигра најдобриот меч во својата кариера. Тој со 34 поени и 10 скока ги предводеше Репторс.

Покрај Ибака „дабл-дабл“ забележаа и Кајл Лаури (21 поен, 15 асистенции, шест скока), односно Паскал Сиакам (16 поени, 13 скока).

Најефикасни кај Лејкерс беа Кајл Кузма (24 поени) и Леброн Џејмс (18 поени, шес асистенции).

Портланд ја декласира Минесота 111:81, а прво има на натпреварот беше Јусуф Нуркиќ. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина го предводеше Портланд со 19 поени и 12 скока, поен помалку реализира Демијан Лилард, а мечот со 16 поени го заврши Си Џеј Мекалум.

Резултати: Бруклин Нетс-Филаделфија 122:97, Вашингтон Визардс-Њујорк Никс 108:95, Сан Антонио Спарс-Орландо Меџик 100:117, Феникс Санс-Мемфис Гризлис 102:100, Портланд Трејлблејзерс-Минесота Тимбервулвс 111:81, ЛА Лејкерс-Торонто Репторс 107:121, Милвоки Бакс-Сакраменто Кингс 144:109.

Scroll to Top