Top Sport

НБА ги казни Ирвинг и Бруклин Нетс

НБА лигата им изрече парична казна од по 25.000 долари на Бруклин Нетс и Кајри Ирвинг, бидејќи кошаркарот ги игнорирал новинарите. НБА, во соопштението, истакнува дека Ирвнг неколку пати во текот на оваа недела одбил да разговара со новинарите, со што ги прекршил правилата кои ја регулираат достапноста на играчите кон медиумите.

НБА предвидува, сите играчи кои се здрави, да им бидат на располагање на медиумите пред или по натпреварот, додека во период на подготовки еден ден е треба да биде одвоен за интервјуа или некој друг вид на соработка со медиумите.

Ирвинг не одговорил на барањата на медиумите туку им се обратил со соопштение.

„Наместо да разговарам со медиумите, ќе објавам соопштение, за да биде мојата порака автентично пренесена. Посветен сум ѝ на оваа работа секој ден, се натпреварувам, освојувам првенства заедно со соиграчите“, порачал Ирвинг.

Оваа порака не ги исполнува барањата во најсилната лига во светот, поради што тој и неговиот клуб беа казнети.

Scroll to Top