Top Sport

НБА ги објави најдобрите „руки“ петорки

Најсилната кошаркарска лига, НБА, ги објави најдобрите руки петорки за сезоната 2022/23.

Кошаркарот на Орландо Паоло Банкеро ги доби сите 100 гласа, зад себе има одлична сезона, а веќе ја доби и наградата за најдобар дебитант во лигата.
Заедно со него во првите пет се и Вокер Кеслер од Јута, Џејлен Вилијамс од Оклахома, како и играчите на Индијана и Сакраменто, Бендеикт Матурин и Киган Мареј.

Места во втората петорка имаше за тандемите на Детроит Пистонс и Хјустон, Џејден Ајви – Џејлен Дурен, односно за Џабари Смит – Тари Исон, последниот член во оваа петорка е кошаркарот на Сан Антонио Џереми Сохан.

Scroll to Top