Top Sport

НБА го предупреди Демијан Лилард

Демијан Лилард, пред еден месец побара трејд. Не сака да остане во Портланд Трејл Блејзерс. Лилард го загуби трпението бидејќи раководството на франшизата од Орегон со години не успева да изгради тим кој ќе се бори за титула.
Откако јавно побара трејд, Лилард истакна дека негова желба е да се пресели во Мајами Хит.

НБА реагираше на изјавите на Лилард и неговиот агент Арон Гудвин дека „Дејм“ ќе игра само за Мајами Хит.

Лигата на адресата на сите 30 екипи испрати писмо во кое се вели обавиле разговор со 33-годишниот плејмејкер и неговиот менаџер.

Во него се наведува дека доколку Лилард и Гудвин продолжат да даваат коментари дека тој сака да игра само за еден тим, лигата ќе мора да преземе дисциплински мерки.

Повод за реакцијата е интервјуто кое Гудвин го даде за „Мајами хералд“.

„Го правам она што е потребно за мојот клиент. Некои тимови ме бараат, на некои јас им се јавувам, но едно е јасно. Лилард сака само да игра за Мајами. Период“.

Scroll to Top