Три натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, на кои победи забележаа Милвоки Бакс, Сакраменто Кингс и Вашингтон Визардс.
Милвоки во крајот драматичен меч го славеше победа над Кливленд Кавалирс 119:116. Кливленд предводен од Леброн Џејмс успеа во последниот квартал да ја стигне и престигне предноста на противникот од 20 поени, но не успеа да победи.
Милвоки имаше водство 103:83, но Кливленд со серија 24:3 стигна до предност 105:107. Во неизвесната завршница победникот го реши Јанис Адетокумбо кој на шест секунди погоди за два, а птоа и го реализира дополнителното слободно фрлање.
Адетокумбо беше играч на натпреварот со 27 поени, 14 скока, 8 асистенции и 2 украдени топки. Покрај Гркот Милвоки имаше уште четврорица играчи со двоцифрен број на поени: Ерик Бледсо (26 поени)Крис Мидлтон (18 поени, 10 асистенции), Млаком Бронгдон (16 поени) и Џон Хенсон (15 поени).
Кливленд го предводеа Леброн Џејмс со 39 поени, 7 асистенции, 3 блокади, 2 украдени и дури 7 загубени топки, односно Кевин Лав со 21 поен и 10 скока.
Вашингтон победи во дуелот со Њу Орлеанс 116:106. Бредли бил постигна 26 поени, од кои 14 во третиот период кој Вашингтон го доби 32.15. Вообичаено кај Њу Орлеанс најефикасни беа центрите Ентони Дејвис со 37 поени, и Демаркус Казинс со 26 поени и 13 скока.
Сакраменто победи во Филалделфија 101:95, благодарение на играта во второто полувреме. Кингс последните две четвртини ги донија 53:38. Зек Рендолф уфрли 27, а Бади Хилд 24 поени. Во поразениот тим се истакна Роберт Ковингтон со 17 поени.