Top Sport

НБА играчите не сакаат да чујат за кошарка пред Божик

Извршната директорка на Здружението на НБА кошаркари (НБПА), Мишел Робертс вели дека во овој момент најголемиот дел од играчите се против предлогот од 72 меча во сезоната која се планира да почне на 22 декември 2020 година.

„Одговорот од повеќето кошаркари кој го добив за овој предлог е негативен. Побаравме и добиваме податоци од засегнатите страни и ќе работиме на контрапредлог што е можно побрзо. Нема причина да верувам дека одлуката ќе биде донесена пред петок, нема да го гледам тој датум како краен“ – наведува Робертс.

Таа наведува дека имало играчи кои лично се жтвувале во текот на сезоната која беше прекината па продолжена поради пандемијата со коронавирусот, заради што 22 екипи играа докрај по скратен систем, во Орландо.

Робертс вели дека и сопственците и играите не се многу поделени околу прашањето за ограничување на платите и данокот.

Scroll to Top