Top Sport

НБА: Историски пораз на Феникс Санс

Кошаркарите на Феникс Санс непријатно ги изненадија своите фанови на отворањето на новата сезона во НБА-лигата. Санси беа поразени од Портланд Трејлблејзерс со 76:124.

Ако по „утрото денот се познава“, тогаш на екипата на Феникс Санс ѝ претстои тешка сезона. Поразот 76:124 е најголем во историјата на франшизата, во негативните историски анали се запишаа и како најголеми „губитници“ во првиот натпревар во сезоната.

Негативата од 48 поени го собори досегашниот рекорд кој беше во сопственост на Денвер Нагетс. Тимот од Колорадо во 1987 година го загуби првиот меч од ЛА Лејкерс 139:93.

„Портланд нè растури. Немаше милост кон нас“, рекол тренерот на Санси, Ерл Вотсон.

Кај Феникс единствено Ерик Бледсо заслужува преодна оценка, тој постигна 15 поени, додека Портланд го предводеше Демијен Лилард со 27 поени.

Scroll to Top