НБА лигата ја легализираше марихуаната. Инсајдерот, Адријан Војнаровски, објави дека кошаркарите во НБА лигата повеќе нема да бидат тестирани на марихуана.
Информацијата дека лигата нема да прави тестови на марихуаната, на Војнаровски, му ја потврдиле од Синдикатот на НБА играчите.
Останатите тестови ќе останат за да се спречи користење на стероидите или тешките дроги.
Последен кој падна на допинг-тестот е центарот на Финикс Санс, Диандре Ејтон. Тој пред две години беше суспендиран на 20 натпревари, поради користење на стероиди.