Бекот на Кливленд кавс, Џеј Ар Смит вели дека НБА му се заканила со казна доколку не ја покрие својата нова тетоважа, логото на компанијата за облека „Суприм“ на својата десна нога.
„Бев информирам дека ќе бидам казнуван секој натпревар ако не ја покријам тетоважата на нозете. Луѓето во нашата лига се нешто посебно“, напиша Смит на Инстаграм.
Смит се тетовираше во август, а минатиот декември во мечот против Лос Анџелес лејкерс носеше „ракавица“ од „Суприм“ за што беше казнет.
„Правилата на НБА забрануваат кошаркарите да покажуваат комерцијални логоа или знаци на нивното тело и нивната коса“, вели портпаролот на НБА, Мајк Бас.