Top Sport

НБА лигата го казни Џејмс Харден

НБА лигата експресно му ја изрече казната на Џејмс Харден. Ѕвездата на Хјустон Рокитс, ги прекршил Ковид-протоколите, донесени од страна на НБА, што беше една од прилините за одложување на натпреварот помеѓу Хјустон и Оклахома сити Тандер.

„Харден ги прекрши протоколите, во понеделникот на 21.декември, присуствувал на привтанта забава одржана во затворен простор“, стои во соопштението на НБА.

НБА лигата го казни парично Харден со 50.000 долари.

На снимката објавена на социјалните мрежи, се забележува дека Харден не носи заштитна маска и дека не држи дистанца.

Кошаркарот бил на забава кај своја пријателка, а не во стриптиз-бар, како што објавија некои медиуми.

Scroll to Top