Top Sport

НБА: Мајами го „скрши“ отпорот на Никси (видео)

Мајами хит по едно продолжение го „скрши“ отпорот на Њујорк никс и го доби дуелот со 107:103, додека Торонто ги совлада Милвоки со 110:129 во најинтересните дуели од НБА лигата.

Хит до победа стигна предводен од Веј Елингтон со 24 поени, а 19 поени и шест асистенции имаше Горан Драгиќ. Кристапс Порзингис имаше просечна партија со 15 поени, додека кај Никси најефикасен беше Кортни Ли со 24 поени.

Милвоки бакс не направи многу против Репторс и покрај добрата партија на Јанис Антетокумбо со 24 поени. Ибака имаше 21 поен, Демар Дерозн додаде 20 за Бакси. Сан Антонио спарс со 103:89 рутински го совлада Феникс санс предводен од 21 поени на Кави Леонард и Ману Џинобили.

Бостон селтикс и Минесота тимбервулвс не беа најефикасни, но во интересен меч Селтикси стигнаа до 91:84 поени. Маркус Смарт имаше 18 поени заз Бостон, а Кајри Ирвинг уфрли 16 поени и имаше 9 скока и 8 асистенции.

Scroll to Top